ИМЕ НА ПРОЕКТОТ:
Механизми за давање на команди и извршување за мултисекторски анализи на Nexus податоци за катастрофи

АКРОНИМ НА ПРОЕКТОТ:
COMMAND d

ПАРТНЕРИ ВО ПРОЕКТОТ:
Загребачка жупанија (Република Хрватска)
Општина Тирана (Република Албанија)
Град Тузла (Република Босна и Херцеговина)
Град Подгорица (Република Црна Гора)
Град Скопје (Република Северна Македонија)

КРАТОК ОПИС НА ПРОЕКТОТ:
COMMAND d е проект креиран да им помогне на оперативно командните центри да бидат подготвени за справување со катастрофи на локално ниво. Резултатите од проектот ќе го олеснат и забрзаат приемот на податоци, ГИС-анализа/симулација за развојот на настаните и пренесување на податоците во ситуација на итност. Во рамките на проектот ќе се воспостават стандардни оперативни процедури во кризни ситуации, што ќе ја зголеми подготвеноста и ќе им овозможи на сите учесници во проектот да се поврзат преку заедничка ИТ платформа.

COMMAND d ќе овозможи анализа на човечките ресурси на локално ниво во
Хрватска, Северна Македонија, Црна Гора (земји членки на ЕУ Механизмот за цивилна заштита UCPM-a), Босна и Херцеговина и Албанија (земји IPA II).
Проценката за потребите ќе биде основа за развој на методологија, која детално ќе ги опише механизмите за поддршка при донесување на одлуки и процедурите на системот за цивилна заштита на локално ниво.

Иновативните алатки за реакција во итните случаи ќе овозможат:

  • анализа на податоци од различни извори (противпожарните бригади, службите за итна медицинска помош, центарот 112, центарот за заштита од поплави) во реално време
  • брзо собирање и анализа на податоци доставени до оперативно командните центри со цел навремено мониторирање и пренос на податоци
  • брза размена на клучни податоци помеѓу регионалните партнери во проектот стандардизирање на процесот и интегрирање со националните системи за рано предупредување

На крај, резултати од проектот COMMAND d ќе бидат организирани пет оперативно командни центри, зголемена подготвеност и олеснет процес за донесување на одлуки на командната структура, обезбедување на брзо и навремено активирање и координирање на оперативните сили, независна комуникација во време на криза преку повеќекратни и одделни системи, како и можност за дислоцирање на истата.

ЛОКАЦИИ ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ
Загребачка жупанија (Република Хрватска)
Општина Тирана (Република Албанија)
Град Тузла (Република Босна и Херцеговина)
Град Подгорица (Република Црна Гора)
Град Скопје (Република Северна Македонија)

РЕФЕРЕНТЕН БРОЈ НА ПРОЕКТОТ
Број на Договор: 873108 – COMMAND d

ВРЕМЕТРАЊЕ НА ПРОЕКТОТ:
Датум на почеток: 02 јануари 2020.
Датум на завршување: 31 декември 2021.

ВКУПНА ВРЕДНОСТ НА ПРОЕКТОТ:
457.821,97 €

ВКУПНА ВРЕДНОСТ НА ОДОБРЕНИ ЕУ СРЕДСТВА:
387.676,98 €

ЦЕЛИ НА ПРОЕКТОТ
Главна цел:

Поддршка на оперативно командниот центар во процес на донесување на одлуки и комуникација во период на кризи преку ИТ поддршка, како и поддршка на соработката и анализа на податоци за време на итни состојби
Специфична цел:
Да се развие оперативна алатка со цел да се олесни реакцијата во вонредна состојба

РЕЗУЛТАТИ НА ПРОЕКТОТ:

  • Преглед и проценка на потребите од техничка опрема на оперативно командните центри на цивилна заштита на локално ниво (за секој партнер)
  • Стандардизирана методологија за развој на механизми и алатки за поддршка на процесот на донесување одлуки во рамки на системот за цивилна заштита на локално ниво
  • Стандардизирани оперативни процедури за комуникација во кризна состојба
  • Ефективна ИТ алатка за анализа на податоци за ризици од катастрофи, како и поддршка за донесување одлуки во вонредна состојба
  • Анализа на функционалноста и оперативноста на моделот на оперативно командниот центар за итни случаи

ЈАВЕН ПОВИК НА КОЈ ПРОЕКТОТ Е ПРИЈАВЕН:
Механизам за цивилна заштита на Европската унија
UCPM-2019-PP-AG
“Превенција и подготвеност за цивилна заштита и загадување на морињата“

КОНТАКТ ЗА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ:
Загребачка жупанија
ул. “Града Вуковара“ 72/V, 10000 Загреб
www. zagrebacka-zupanija.hr
Бранко Херчек, виш стручен соработник за заштита и спасување
tel: 00385 1 6009 411
e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 HACP logo

КООРДИНАТОР НА ПРОЕКТОТ

Загребачка жупанија
Улица града Вуковара 72/V
10000 Загреб, Хрватска

00385 1 6009 400
00385 1 6009 411
commandd@zagrebacka-zupanija.hr

Zagrebačka županija  Općina tirana Grad Tuzla  Grad Skopje  Grad Podgorica