Град Скопје на 04 октомври 2022 година ја организира 2-та обука за градење на капацитети за употреба на ИТ платформата во рамки на проектот. Истата претставува краен резултат од имплементацијата на предвидените активности која ќе се користи од страна на партнерите во проектот и Град Скопје.
Главните цели за реализација на обуката се:
1. Презентација на ИТ платформата (претставување на податоците на делот за Град Скопје и алатките кои ќе се користат за менаџирање на платформата)
2.Споредба на податоците кои ќе ги користат партнерите во својот дел од ИТ платформата.
На обуката учествуваа претставници од проектните партнери.