Во рамките на имплементацијата на проектот на ЕУ “Механизми за давање на команди и извршување за мултисекторски анализи на Nexus податоци за катастрофи - COMMAND d“, на 3-ти Октомври 2022 се одржа првиот онлајн состанок за градење на капацитети за споредба на процесот на технички прегледи/ проценка на потребите/ стандардизирани проценки на ризици (on-line) за сите проектни партнери Загребaчка жупанија, главниот град Подгорица, град Тузла и општина Тирана.
Главните цели за организацијата на овој состанок/обука се:
- Да се презентираат податоците од подготвениот документ Технички преглед/ проценка на потребите во Северна Македонија (законска рамка, плански документи, ризици од катастрофи, организација на системот за заштита и спасување на локално ниво, SWOT анализа) и
- Да се спореди процесот на технички прегледи/проценки на потребите/стандардизирани проценки на ризик со партнерите во проектот.