Воведната средба на проектниот тим се одржа во Брисел. Проектот со наслов “Механизми за давање на команди и извршување за мултисекторски анализи на Nexus податоци за катастрофи“ има вкупен буџет од 457.821 евра. Координатор на проектот е Загребачка жупанија и е во времетрање од две години.
Партнери во проектот се Општина Тирана (Албанија), Град Тузла (Босна и Херцеговина), Град Скопје (Северна Македонија) и Град Подгорица (Црна Гора). Проектот е кофинансиран 84,68 % од страна на Европската Унија.
На средбата од страна на претставниците на Загребачка жупанија - Раководителот на стручната служба на жупанот Рената Згуриќ, вишиот стручен соработник за заштита и спасување Бранко Херчег и проектниот координатор и експерт во областа за цивилна заштита Крунослав Катиќ, беа презентирани целите и ативностите на проектот кои треба да се реализираат во текот на следните две години.
Општата цел на проектот е да се развие систем на основа на ИТ платформа кој ќе овозможи собирање, анализа и размена на сите податоци кои имаат големо значење за успешна подготовка за справување со кризи и итни случаи на локално ниво. Потребните податоци ќе се собираат од страна на заедничко ИТ одделение на подрачје на Загребачка жупанија и на останатите партнери. Податоците ќе се собираат од центрите 112,противпожарните бригади, службите за итна медицинска помош, агенции за вода и од други извори. Податоците кои ќе се соберат ќе бидат употребени за проценка на ризици и ГИС симулација.
За остварување на целите во рамки на проектот ќе се реализираат пет засебни технички проценки (за секој партнер по една), ќе се организираат десет работилници за развој на човечките ресурси и на крај ќе се изработи стандардизирана методологија за проценка на ризици, односно ќе се изработи ИТ платформа која ќе се користи за донесување на одлуки за менаџирање на ризици од катастрофи и итни состојби.
Посебна вредност на овој проект што беше препознаена и од страна на претставниците на Генералниот Директорат за европска цивилна заштита и европски операции за хуманитарна помош (EU DG ECHO), која и го распиша јавниот повик во областа на цивилната заштита, превенција и подготовка на подрачјето на Европска Унија е ставање во фокус на локално ниво. Еден од резултатите на проектот е размена на добри пракси помеѓу држава членка на Европската унија – Хрватска (претставник Загребачка жупанија), држави членки на ЕУ Механизмот за цивилна заштита – Црна Гора и Северна Македонија и држави кои претендираат да станат членки на ЕУ Механизмот за цивилна заштита Босна и Херцеговина и Албанија.
Јавниот повик за пријавување на проекти од областа на превенција и подготовка во делот на цивилната заштита, ЕУ DG ECHO го објави во 2019 година. На повикот со свои предлог проекти учествуваа сите земји членки на ЕУ, шест земји членки на ЕУ Механизмот за цивилна заштита и 19 земји соседни држави. Од пријавени 43 предлог проекти,11 проекти се прифатени да бидат кофинансирани од страна на ЕУ вклучувајќи го проектот на Загребачка жупанија.
Со реализација на проектот, Загребачка жупанија ќе биде единствен пример на единица на регионална самоуправа која ќе има целосно функционален оперативно команден ИТ систем за менаџирање на податоци за време на итни и кризни ситуации, а знаењето и искуството ќе може да го сподели со другите жупании, градови и општини во Република Хрватска, како и со земјите од регионот.
Проектот "COMMAND" d претствува поддршка на Директоратот за цивилна заштита, кој е дел од Министерството за внатрешни работи на Република Хрватска.