Загреб, 14 октомври 2022 – Во Велика Горица се одржа завршната конференција на ЕУ проектот COMMAND d организирана од страна на координаторорт на проектот Загребачка жупанија заедно со партнерите Подгорица, Скопје, Тирана и Тузла

COMMAND d е проект за давање на поддршка на командно – оперативниот центар за приправност при катастрофи чија цел е зголемување на спремноста и можноста за поврзување на сите учесници со помош на платформата.

Вкупна вредност на проектот е 457.821,97 евра од кои 85% од износот го кофинансира Европската унија (Генерален директорат за европска цивилна заштита и европска операција за хуманитарна помош), додека останатите 15% се поддршка на Загребачка жупанија.

Корисник на новата ИТ платформа во Загребачка жупанија е Жупанискиот штаб за цивилна заштита кој одсега ќе може брзо да одговори на потенцијалните катастрофи или несреќи. Новото време за реакција на штабот ќе се намали од досегашните два часа на 15 минути.

Дамир Трут, директор на Дирекцијата за цивилна заштита истакна дека штабот за цивилна заштита функционира на начин да превенира, едуцира и да делува во моментот кога ќе се случи несреќа. „За да бидеме во тие активности добри, потребен е команден систем како што е COMMAND d, кој ќе и помага на оперативата подобро и поквалитетно да ги прибира и пренесува информациите и аналитички да донесува одлуки“, рече Трут.

„Големината на просторот на Загребачката жупанија, големиот сообраќаен проток, како и местата кои се потенцијална опасност не обврзуваат континуирано да го унапредуваме составот на цивилна заштита бидејќи добрата и квалитетна организација значи и пола завршена работа“, рече заменик жупанот Дамир Томлјеновиќ.

Функционалноста на ИТ платформата ја претстави Лука Руделиќ. „Се работи за голема база на податоци која е поддржана со картографски приказ така да во секој момент можете да знаете каде што се наоѓа“ рече Руделиќ, додавајќи како со помош на платформата можете да комуницирате во живо со оперативните сили и да во исто време подготвувате и симулации.

„Со еден клик можеме да симулираме земјотрес и веднаш да ги добиеме податоците која е големината на просторот кој е потенцијално загрозен, колку луѓе и фирми се наоѓаат на тој простор и се загрозени, кои се најблиските сили  кои можат да помогнат, дали има на тоа подрачје опасни материи, каде се најблиските складишта и сл.“, рече Руделиќ.

Секој од партнерите во рамките на проектот има своја платформа прилагодена на своето подрачје, чија база на податоци понатаму самостојно ќе ја полни и ќе имплементира нови модули и програмски решенија.

Во рамки на конференцијата се одржа и панел дискусија на тема „Вложување во ИТ системи во делот на цивилна заштита и управување со кризи“.

20221014 113412

IMG 2677

IMG 2697

 HACP logo

КООРДИНАТОР НА ПРОЕКТОТ

Загребачка жупанија
Улица града Вуковара 72/V
10000 Загреб, Хрватска

00385 1 6009 400
00385 1 6009 411
commandd@zagrebacka-zupanija.hr

Zagrebačka županija  Općina tirana Grad Tuzla  Grad Skopje  Grad Podgorica